Откако на трката за Големата награда на Лас Вегас, Макс Ферстапен ја потврди титулата во Формула 1, пред холандските медиуми во еуфорија истакна дека би ја освоил титулата и многу побрзо ако го возел болидот на Мекларен, а веројатно и на Ферари.
Сето тоа не му се допадна очигледно многу на Ландо Норис, кој не успеа да го спречи Ферстапен на патот кон неговата четврта титула во Формула 1, па се одлучи да му одговори…
„Тој може да каже што сака, но јас секако не се согласувам со тој став. Можеби треба да се испроба како комичар или нешто слично. Тој е добар возач, но ова што го кажува е смешно“ – вели Норис.
Престојниов викенд „Ф1 циркусот“ се сели во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА