Џенсон Батон зборуваше за менталното здравје на Ландо Норис. Поранешниот шампион на Формула 1, Џенсон Батон, зборуваше за важноста на судирот меѓу возачите на Мекларен – Ландо Норис и Оскар Пјастри.
Норис се судри со Пјастре удирајќи во задниот дел од неговиот болид во последната третина од трката за Големата награда на Канада минатиот викенд, елиминирајќи се од трката.
Ова е негова прва трка која не ја заврши и го чинеше клучни поени во борбата за титулата бидејќи сега заостанува 22 поени зад Пјастри.
„Ова е момент во кој се виде дека Ландо Норис не е психички добро и ќе видиме дали ќе излезе од ова посилен. Мислам дека ќе го направи тоа, доколку има доволно самодоверба и способност да покаже дека е добар возач, возбуден сум поради неговите следни потези“, изјави Батон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

