Лани го продолжи договорот со Наполи, сега ќе добие отказ

Дефанзивецот на Наполи, Марио Руи ќе го напушти клубот во јануарскиот преоден рок како слободен агент, тврдат италијанските медиуми. Според нив португалскиот играч и Наполи преговараат за раскин на договорот.

Интересен е податокот дека Руи минатата година го продолжи договорот со тимот до 2026 година. Меѓутоа со доаѓањето на Антонио Конте на клупата на овој клуб, бекот нема одиграно ниту еден натпревар.

Руи пристигна во Наполи во 2017 година, и беше дел од шампионската генерација која во сезоната 2022/23 ја освои шампионската титула и Купот на Италија во 2020 година.

Се вчитува...