Никола Максимовиќ ги разреши дилемите околу својата иднина, откако српскиот дефанзивец ја прифати понудата за четиригодишен договор со Џенова. Одбранбениот фудбалер до пред неколку месеци му беше соиграч на Елиф Елмас во Наполи, но откако ја одби понудата за нов договор со „наполитанците“ долго размислуваше каде да ја продолжи кариерата.
Како опции се споменуваа Лацио, Вест Хем, Бетис и Олимпик Марсеј, но Максимовиќ на крајот се реши за преселба во Џенова, клуб кој му гарантираше првотимски статус. Сите детали се веќе средени, а по лекарските прегледи Србинот и официјално ќе потпише договор со новиот клуб, по што ќе биде во комбинација за настап викендов, и тоа против својот доскорешен клуб Наполи.
Претходно, Џенова ги доведе голманот Сиригу, десниот бек Сабели и напаѓачот Калеб Екубан, кој за сума од 1,8 милиони евра пристигна од Трабзон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА