Словенечкиот ски-скокач Анже Ланишек, е победник во натпреварувањето во скијачки скокови кое за Светскиот куп е одржано денеска во Осло.
Ланишек кој беше дури третопласиран по првата серија, до победата дојде со скокови од 133 и 139,5 метри, за кои доби 260,2 поени. Тоа е негова четврта победа сезонава, вкупно петта во Светскиот куп.
Ланишек сезонава беше најдобар и во Руки, Титис-Нојштад и Енгелберг. Штефан Крафт беше второ место, додека Карл Гајгер го комплетираше подиумот.
Водечки во генералниот пласман и натаму е Егнер Гранеруд, кој во Осло заврши како четвртопласиран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА