Шпанскиот фудбалер Емирик Лапорт и официјално од денеска е нов член на Ал Наср во Саудијска Арабија.
29-годишниот Лапорт потпиша тригодишен договор тежок 10 милиони евра по сезона. А Манчестер сити си доби отштета од 25 милиони евра.
Шпанецот изминативе шест сезони ги мина во Манчестер сити освојувајќи ја Лигата на шампионите и пет титули шампион на Англија.
Ал Наср, во чии редови од почетокот на годинава игра Кристијано Роналдо, ова лето се засили и со Садио Мане. Марсело Брозовиќ, Отавио, Алекс Телјес и Секо Фофана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

