Голем број на врвни фудбалери изминатиот период се одлучија за премин во Саудиска Арабија пред се поради големите заработки кои ги ветуваат клубовите од егзотичното првенство, но и во арапскиот свет не е се така идеално.
Џордан Хендерсон по само шест месеци се врати во Европа, гласините го враќаат назад во еворпскиот фудбал и Карим Бензема, а на оваа тема неодамна во интервју говореше и Емерик Лапорт кој од Манчестер Сити се пресели во Ал Наср.
„Не е лесно во Саудиска Арабија, станува збор за голема промена во споредба со Европа. На крајот, се работи за адаптација. Можам да ви кажам дека има многу фудбалери кои се незадоволни во Саудиска Арабија, но јас ќе зборувам само за мене. Ќе видиме дали ќе се поправи ситуацијата, станува збор и за културна разлика. Не им е лесно и на фудбалерите кои од претходно играле тука.
Се е поразлично од Европа, особено обичните секојдневни случувања. Саудијците ветуваат многу работи, а откако си испреговарал за истата во договорот, сега те тераат да се бориш за своите работи. Ни забрануваат одредени работи, а во други ни даваат поголема слобода. Од тоа што јас го заклучив, тие се обидуваат на секој начин да те привлечат и да те донесат, но работите кои одат од ден во ден се многу потешки. Во Европа повеќе се внимава на фудбалерите и подобро не чуваат. До овој момент не сум размислувал за заминување, но тоа може да се промени ако продолжи оваа динамика“, вели францускиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

