Лапорт останува „граѓанин“ до 2025 година

Манчестер Сити го награди Ејмерик Лапорт за извонредните настапи во текот на оваа сезона, па францускиот репрезентативец денеска потпиша нов договор со „граѓаните“, со важност до 2025 година. Фудбалерот што во јануари 2018 година пристигна од Атлетик Билбао експресно се наметна како лидер на одбранбената линија, добро снаоѓајќи се и како лев бек во периодот кога отсутен поради повреда беше Менди.

„Не можам да бидам посреќен од ова што го чувствувам сега, да потпишам нов долгогодишен договор. Од првиот ден во клубот бев прекрасно пречекан од Пеп Гвардиола и од соиграчите, секогаш го давав максимумот на теренот и горд сум што управата е задоволна и што ми понуди нов договор. Знам дека во овој клуб можам уште повеќе да напредувам како фудбалер и со нетрпение очекувам да продолжам да освојувам трофеи“ – изјави Лапорт.

Овој 24-годишен фудбалер сезонава настапи на сите премиерлигашки натпревари на Сити, најдобар доказ за довербата што Гвардиола ја има во неговите квалитети.

 

Се вчитува...