Олимпик Марсеј сака да го потпише дефанзивецот на Ал-Наср, Ајмерик Лапорт. Францускиот клуб се обиде да го потпише шпанскиот репрезентативец и минатата зима, но на крајот не успеа.
Сега има намера да го комплетира трансферот до крајот на сезоната. Трансферот ќе биде уште поверојатен ако тимот избори место во Лигата на шампионите идната сезона, а тимот е на второто место на табелата.
Лапорт кој е роден во Франција, но целиот свој живот настапува во Шпанија, а пред четири години се одлучи да настапува за „Фуријата“, и покрај тоа што играше за младите селекции на францускиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

