Емерик Лапорт по две години поминати во Саудиска Арабија заминува од Ал Наср и кариера ќе ја продолжи во Еворпа, потточно Атлетик Билбао каде што ги направи првите сениорски чекори.
Неговото заминување го најави и тренерот на Ал Наср, Хорхе Хесус кој говорејќи за медиумите изјави дека Шпанецот заминува и ќе биде доведена неговата замена.
Шпанскиот репрезентативец беше дел од младинската школа на Атлетик Билбао, а во 2012 година го забележа и првиот настап за сениорскиот тим за кој настапуваше се до 2018 година пред да реализира трансфер во Манчестер Сити со кој освои пет титули во Премиерлигата, три во Лига Купот, две во ФА Купот и по една во Лигата на Шампионите, УЕФА Суперкупот и Комјунити шилд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

