Емерик Лапорт по две години поминати во Саудиска Арабија се враќа во Европа и во продолжението од сезоната ќе настапува за Атлетик Билбао.
За Лапорт постоеше интерес од повеќе европски клубови, но 31-годишникот се одлучи да се врати во клубот за кој настапуваше до 2018 година.
Сениорската кариера шпанскиот репрезентативец ја започна во Басконија, а дресот на Атлетик Билбао го носеше од 2012 до 2018 година пред да се пресели во Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

