Лапорт: Зошто не играм за Франција, тоа го знае само Дешамп

4Ајмерик Лапорт игра во одлична форма во дресот на Манчестер сити, па големо изненадување е што за него се уште нема место во таборот на француската репрезентација, дури и во ситуација кога дел од дефанзивците беа повредени за време на Лигата на Нации.

„Зошто не играм за Франција, тоа го знае само Дешамп, кој очигледно има некои свои причини. Не верувам дека станува збор за спортски аспект, бидејќи сите гледаат во каква форма играм. Ако сакате да знаете зошто не сум во репрезентацијата, треба да го прашате селекторрот, ако некој има проблем, тоа е тој. Јас сигурно нема да го барам бидејќи не сум згрешил ништо, а тој како селектор има право да донесува одлуки што ние како фудбалери ги почитуваме“ – истакна Лапорт.

Иако долги години го носеше дресот на Атлетик Билбао, овој фудбалер јасно стави до знаење дека нема намера да настапува за шпанската репрезентација.

„Па како да играм за Шпанија кога јас сум Французин. Се што сакам е да настапувам за својата земја, ниту сум побарал, ниту пак ќе побарам двојно државјанство“ – дециден е Лапорт.

Се вчитува...