Лапорта даде наредба: 118 милиони евра за дуото од соништата

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта сака летово да ги доведе Нико Вилијамс и Дани Олмо!

Вилијамс од поодамна е познато дека е во преговори со Барселона, а слични информации за договорени лични услови се појавуваат со денови, како и дека каталонскиот клуб бара начин да ја плати клаузулата од 58 милиони евра.

Дополнително и Дани Олмо сака да се врати дома, бидејќи порасна во Барса, а во меѓувреме стана ѕвезда на европскиот фудбал. Меѓутоа, проблемот е што неговата клаузула од 60 милиони евра истекува на 20. јули, а Барселона не може да ја активира до викендот.

Се вчитува...