Лапорта даде збор пред цела Каталонија: Ќе изградиме статуа на Меси!

Барселона оваа сезона игра во одлична форма под диригентска палка на тренерот Чави Ернандез, а претседателот Жоан Лапорта најави нови засилувања, но и уште една вест која ги израдува фановите на поранешниот шпански и европски првак.

Лапорта за шпанските медиуми изјави дека на состанокот на раководството била донесена одлука да се изгради статуа на легендарниот аргентинскио фудбалер Лионел Меси.

„Ќе иградиме статуа на Меси пред стадионот. Одлуката е веќе донесена на состанок“, потенцираше Лапора.

Меси го носеше дресот на Барселона од 2003 до 2021 година и ги освои сите можни трофеи, а сега повторно има шпекулации дека би можел да се врати во Каталонија следното лето.

Се вчитува...