„Де Јонг има понуди, но ние сакаме да остане, а и тој исто“

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта проговори за можноста Френки Де Јонг да го напушти клубот. Лапорта потврди дека за Холанѓанецот има понуди, но дека тимот сака да го задржи, а и самиот играч изразил желба да остане.

Манчестер Јунајтед долго време се споменуваше како негова идна дестинација, а во последно време се погласни се шпекулациите дека Челси ќе тргне по потписот на фудбалерот од средниот ред.

„Френки е наш играч, има многу квалитет и сакаме да остане. Со него и другите играчи имаме силен среден ред. Тој има понуди, но ние сакаме да го задржиме, а и тој сака да остане“, рече Лапорта.

Се вчитува...