Иднината на Френки де Јонг повторно е актуелна тема откако Манчестер Јунајтед повторно искажа подготвеност да тригне во офанзива за да го потпише поранешниот капитен на Ајакс.
„Црвените ѓаволи“ не успеаја во својата намера пред две години кога Де Јонг одби преселба во Премиер-лигата бидејќи инсистираше на останување во Барселона, а ситуацијата се чини не е променета во меѓувреме. Барем така тврди претседателот на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта, кој е убеден дека холандскиот играч за врска и во следната сеона ќе го носи дресот на Барса.
„Френки де Јонг е супер среќен овде. Последно нешто што сака и што размислува е заминување од Барселона. Кога и да се видиме тој ми повторува колку го сака градот, колку е вљубен во нашиот клуб. Ние исто така сме воодушевени од него, така што воопшто не сум загрижен, тој не мрда од Барса“, изјави Лапорта во дел од интервјуто за каталонскиот весник „Ел Мундо Депортиво“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

