Лапорта: Еве зошто си замина Чави… со мене зборуваше едно, пред новинарите сосема друго….

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта отворено говореше за промената на тренерското место со заминувањето на легендата на клубот Чави.

Лапорта изнесе нови детали од разговорите со Чави откривајќи дека поранешниот славен шпански фудбалер говорел едно на него, а нешто сосема друго пред медиумите.

„Чави самиот го најави своето заминување, велејќи дека ќе замине на крајот од сезоната. Потоа ме замоли да се сретнеме во мојот дом за да објасни дека, всушност, сака да продолжи и чувствува потреба за тоа“, открива Лапорта.

„Му поставив само едно прашање: „Чави, дали веруваш во тимот?“ Тој одговори: „Верувам 100 отсто – ќе ги направам овие играчи шампиони“

Една недела подоцна, го слушнав како вели на прес-конференција дека нему и на тимот ќе им требаат две години за да бидат конкурентни. Помислив: „Што е ова?“

Подоцна разговараше со Деко за можноста за промена на неколку играчи од првиот тим. Како што знаете, имам големо почитување кон Чави, а неговите зборови длабоко ме погодија.

Моравме да донесуваме тешки одлуки и претходно со Меси, Алба, Бускетс, Пике, дури и со Чави и Куман… но во Барса, институцијата секогаш е на прво место. Таа е над играчите, претседателите и тренерите“

Се вчитува...