Претседателот на Барселона Жоан Лапорта, коментирајќи ја можноста Лионел Меси да се врати во Барселона, кажа дека еден ден сонува да го врати Аргентинецот на „Ноу Камп“.
Лапорта рече дека се чувствува должен кон фудбалерот.
„Се чувствувам дека му должам како претседател на Барселона. Сакам да му го дадам најдобриот момент во кариерата. Или пред крајот на кариерата“, изјави Лапорта.
Меси ја напушти Барса лани откако клубот не беше во можност да потпише со него поради финансиски проблеми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

