Лапорта изненади: Гундоган може да си оди бесплатно, само за да може да се регистрира Дани Олмо

Барселона нема да му стои на патот на Илкај Гундоган откако германскиот репрезентативец викендов поднесе барање за трансфер за по само една година во каталонскиот гигант повторно да ги смени клупските бои.

Каталонците немаат намера сосила да држат фудбалер решен да си замине, а претседателот Жоан Лапорта направил уште поизненадувачки потег, објавувајќи дека нема да бара никаква отшета за Германецот. Гундоган пристигна како слободен играч без никаква отштета, па каталонците се решија да му дозволат на идентичен начин да го напушти клубот.

Како што јавуваат шпанските медиуми, главна причина за тоа се проблемите за регистрација на нови фудбалери, откако Дани Олмо беше потпишан како суперзасилување, но не може да биде вклучен во натпреварите од Ла Лига бидејќи Барса веќе го има пополнето буџетот за плати. Каталонците се обидоа да ги продадат Рафиња и Де Јонг, но тоа не им успеа и сега имаат сериозен проблем што може да биде решен со заминување на Гундоган, кој треба да заработи 15 милиони евра според договорот за наредната сезона.

Со тоа Лапорта без проблеми би го регистрирал Олмо, па дури и уште едно позвучно засилување кое се планира до крајот на преодниот рок, па јасно е зошто првиот човек на Барса даде зелено светло за Германецот, само што поскоро да се ослободи од обврските кон него.

Што се однесува до Гундоган, тој се наоѓа најблиску до камбек во Манчестер Сити, откако Пеп Гвардиола дал зелено светло, а управата на „граѓаните“ почнала преговори за двогодишен договор со Германецот.

Се вчитува...