Лапорта лудо ја прослави новата титула на Барселона (ВИДЕО)

Барселона со триумфот од 4-2 на гостувањето кај Еспањол ја осигура титула во Ла Лига. Прославата на каталонците на теренот на лутиот ривал не помина добро и беше прекината по влезот на домашните навивачи, но продолжи во соблекувалната каде им се приклучи и претседателот Жоан Лапорта.

Шеесетгодишникот во одело и кравата лудо ја прослави титулата која е четврта во неговиот мандат. Лапорта се врати на претседателското место кога тимот беше пред банкрот, но успеа да направи успех и да стигне до титулите во Купот и лигата во две сезони.

Се вчитува...