Најавата за формирање на Суперлига го шокираше фудбалскиот свет по што следеа жестоки реакции и протести од навивачите на големите клубови и на крајот резултираше со тоа целиот проект да биде прекинат во само неколку денови.
Плановите нема да се реализираат за престојната сезона, но претседателот на Барселона, Жоан Лапорта вели дека сонот сеуште живее, а откри и кои биле иницијаторите за формирање на натпреварувањето.
„Ливерпул и Манчестер Јунајтед беа вистинските иницијатори на Суперлигата. Заканите на УЕФА беа демагошки. Клубовите се уште немаат платено казна за заминување од лигата. Проектот на Суперлигата се уште живее. Тоа ќе биде најатрактивното натпреварување на светот и ќе биде базирано на меритократија и солидарност“, вели Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА