Жоан Лапорта формално се повлече од претседателската функција во Барселона почнувајќи ја кампањата за добивање на нов четиригодишен мандат како претседател на каталонскиот гигант.
Тој во последното интервју говореше на најразлични теми, од кои во центарот на вниманието се најдоа неговите коментари за Лео Меси, кој си замина од клубот токму за време на мандатот на Лапорта.
„Можевме да го потпишеме тој договор за финансирање и потоа да го задржиме Меси, но тоа ќе значеше уште поголемо тонење во долговите. Тоа беше моја одлука, моравме да се стабилизираме бидејќи финансиската состојба на клубот беше катастрофална, па затоа на големо жалење морав да пресечам и да не потпишам нов договор со Меси. Лео ми се налути затоа што во тој период кажав дека клубот е најголем и ниту еден играч не може да биде поголем од Барса. Тој е наша легенда, но да не заборавиме дека и Барса му даде многу на Лео, како што тој даде многу на клубот. Знам дека е лут, односот не ни е како порано. Имаше и еден инцидент на доделувањето на „Златната топка“ кога го видов и тргнав да се поздравам, но тој чувствуваше дека не треба да се поздравува со мене. Оттогаш односот ни е нешто подобар“, прокоментира Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

