Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ја информираше спортската јавност дека Лионел Меси, иако не е нивни член, е и ќе биде на платен список на клубот се до 2025 година.
Аргентинскиот фудбалер од оваа сезона ќе игра за Интер Мајами во МЛС лигата. Но, уште две години ќе биде на платен список на Барселона.
„Сакеме на Меси да му приредиме едно убаво збогум за него и меч каков што заслужува само тој, а не го доби на Камп Ноу претходно. Ќе биде совршено тоа да се случи на реновираниот стадион, кога ќе биде готов. Факт е дека на Меси му должиме и голема сума на пари, па тој ќе биде на наш платен список се до 2025 година, во однос на заостанатите плати кои ги договоривме претходно со управата при неговото заминување од клубот“ – соопшти Лапорта.
Меси низ актуелниот предеон рок размислуваше и за враќање во Барселона. Но, одлучи да го прифати предизвикот за настап во американската МЛС лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

