Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта зборуваше за финансиските проблеми на клубот. Барса под водство на Ханси Флик има осум победи во првите девет кола во Ла Лига и е на првото место на табелата со три бода повеќе од Реал Мадрид.
Претседателот на Барса, Жоан Лапорта на клупското собрание зборуваше за финансиските проблеми со кои се соочува клубот.
„Барса е сакана и обожавана од сите, академиите ширум светот не бараат и сакаат да работат со нас – поради тоа кои сме, што правиме и како го правиме тоа. Се бориме против се и секого. Има луѓе кои се лути затоа што победуваме. Тие не ја кажуваат вистината и само не слабеат, а ние мора да бидеме силни. Мрачните луѓе се обидуваат да не уништат затоа што се лути што победуваме“, изјави Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА