Се ближат претседателските избори во Барселона, а првиот човек на клубоот, Жоан Лапорта, жестоко му возврати на екс-тренерот Чави од кого беше посочен како главен виновник што Лео Меси повеќе не е дел од Барса.
Чави целосно застана со поддршка зад ривалот на Лапорта, Хектор Фонт, во неговата претседателска кампања, а последното дадено интервју донесе и низа критики за работата на актуелното раководство.
Очекувано, не се чекаше многу за одговор од Жоан Лапорта, кој критиките на екс-тренерот ги чувствува како одмазда што му врачил отказ.
„Јасно ми е, на Чави не му е сеедно кога зборува за мене бидејќи јас сум човекот што му врачи отказ. И знаете што, во ниту еден момент не се двоумев бидејќи знаев дека ја носам вистинската одлука. Со него на клупата ќе продолжевме да губиме, да заостануваме зад Реал Мадрид. Затоа го донесов Ханси Флик за тренер, секој може сам да процени дали сум ја донел вистинската одлука. Чави говори за мене од одмазда, говори работи што не се вистинити“, прокоментира првиот човек на Барса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

