Барселона со извонредна серија успеа да го прескокне Реал Мадрид на табелата во Примера дивизион, по што „кралевите“ повторно се јавија со поплаки за судењето и потсетија на судскиот случај против каталонскиот гигант.
Жоан Лапорта реши да го крене гласот и возврати со иста мера, оценувајќи го однесувањето на лутиот ривал како „надвор од контрола“.
„Морам и јас да кажам нешто затоа што ние молчиме, а тие другите излегуваат надвор од контрола. Морам да кажам дека на ова ниво е очигледна и љубомората што ја чувствуваат, лошо прикриена од оние кои користат нефер тактики со што ги нарушуваат сите кодекси на однесување. Цинизам, ароганција, деспотизам… не треба да кажам сите знаете за кого зборувам, за тие што прават нечиста кампања преку својот ТВ-канал на кој емитуваат ѓубре од програма. Шират отров и лаги со неверојатна ароганција, време е да се каже – доста е, нема веќе да го дозволуваме тоа“, порача првиот човек на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

