Лапорта најави трансфер на сензацијата на Евро 2024

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ги израдува навивачите на каталонскиот тим со изјава за трансфер амбициите на клубот ова лето. Имено, како што откри самиот Лапорта нов фудбалер на тимот би можел да стане шпанската сензација на Европското првенство во Германија, Нико Вилијамс.

Дваесетиедногодишниот крилен напаѓач блесна на континенталниот собир, а и покрај тоа што има договор со Атлетик Билбао до 2027 година кој и самиот изјави дека сака да го испочитува, Барселона се очекува да ја активира откупната клаузула од 58 милиони евра.

„Финансиски сме подготвени за трансфер на Нико Вилијамс. Тоа е резултат од работата со клубот во последните години која не доведе до оваа точка. Можеме да го оствариме овој трансфер. Многу ми се допаѓа Нико, но спортскиот директор Деко и тренерот Ханси Флик се оние кои одлучуваат“, откри Лапорта.

Вилијамс потекнува од младинската школа на Атлетик и досега настапи на 122 натпревари за овој клуб постигнувајќи 22 голови и 26 асистенции.

Се вчитува...