Лапорта „најде“ уште 100 милиони евра за Барселона

Барселона се наоѓа во сериозна финансиска криза, а претседателот Жоан Лапорта се мачи да создаде буџет со кој каталонскиот гигант би парирал на европските гиганти на пазарот.

Дупката во буџетот од минатите години е огромна, но Лапорта успева да најде начин да формира конкурентен тим. Така, првиот човек на Барса повторно е на добар пат да обезбеди богатство од кое дел ќе биде искористено за покривање на долговите, а дел за инвестирање во нови засилувања.

Станува збор за спонзорски договор што ќе донесе значително зголемување на приходите на Барса, ако каталонците се решат за опцијата да го напуштат „Најк“ и да потпишат со „Пума“ како нов главен спонзор за спортската опрема. Лапорта во последните месеци водеше интензивни преговори со двете компании, извесен период имаше и опција Баса да стартува нов сопствен бренд за спортска опрема, но првиот човек на клубот сепак се реши за потпис со друга компанија од која во овие тешки моменти би имал загарантирана саработка.

Актуелниот договор со „Најк“ носи 85 милиони евра годишно, додека понудата на Пума изнесува 120 милиони евра по сезона, но и почетни 100 милиони евра како „бонус за потпис“ за старт на соработката меѓу германската компанија и шпанскиот спортски гигант.

Преговорите се во завршна фаза и се очекува договорот да биде потпишан пред крајот на оваа сезона, со што Лапорта би го имал бонусот на располагање за самиот почеток од летниот преоден рок.

Се вчитува...