Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, најави дека каталонскиот гигант ќе направи се што може за да го врати Лионел Меси назад на „Камп Ноу“.
Меси ја мина целата кариера во дресот на Барса, минатото лето се согласи на драстично намалување на платата, но ссепак мораше да си замине бидејќи каталонците не можеа да го регистрираат во Ла Лига поради огромните финансиски долгови. Овојпат ситуацијата е поинаква, Барса се стабилизираше на финансиски план, па не се исклучува можноста, следното лето (по истекот на договорот на Меси со ПСЖ) да тргне во офанзива за негов камбе.
„Наша обврска е да му обезбедиме на Лео Меси многу поубав крај од оној што го имаше. Она во што јас лично верувам и се надевам е дека ерата на Меси во Барселона не е завршена. Чувствувам обврска кон него, морално, како претседател на Барселона, направив се што можев, но како човек верувам дека сите ние му должиме многу за сето она што го направи за клубот“, истакна Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

