Лапорта: Ништо не зависи од мене, Чави одлучува дали ќе биде продаден Де Јонг

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта истакна дека ништо не зависи од него во врска со иднината на Френки Де Јонг.

Наводно, Манчестер Јунајтед и Барса се договориле за конечната сума за трансферот на Де Јонг, па од каталонскиот клуб го притискале играчот да си замине во Манчестер.

Дел од медиумите објавија дека Барселонна нема да го поведе Де Јонг на турнејата во САД, а Лапорта кратко ги искоментира овие најави.

„Ништо од ова не е точно, не притискаме да го продадееме Френки Де Јонг. Сепак, мораме да знаеме дека патувањето на Френки во САД зависи само од Чави, тој одлучува за неговата иднина“, потенцираше Лапорта.

Де Јонг наводно одбивал да оди во Манчестер Јунајтед и постојано инсистирал да остане во тимот на Барселона и за следната сезона.

Се вчитува...