Лапорта откри дека одбиле 250 милиони евра од ПСЖ за Јамал

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, откри дека клубот одбил понуда од ПСЖ во висина од 250 милиони евра за Ламин Јамал.

Пред еден месец агентот на Дани Олмо најпрво сподели дека и тој има такви информации, а сега сето тоа потврдено и од Лапорта.

„Да, тоа беше пред шест месеци“ – изјави претседателот на Барселона.

Со одбивањето на 250 милиони евра пропадна и можноста да се подобри рекордот за најскап трансфер во историјата на фудбалот, кој се уште го држи ПСЖ со трансферот на Нејмар од 222 милиони евра, исто така од Барселона.

Се вчитува...