Жоан Лапорта, претседателот на Барселона откри дека славниот шпански клуб бил блиску до суспензија од натпреварување во Лигата на Шампионите поради финансиските проблеми пред две години.
Лапорта откри дека се воделе жестоки преговори за избегнување на ова сценарио, а и дека УЕФА им искочило на каталонците во пресрет.
„УЕФА сакаше да ни изрече казна и да не играме во Лигата на шампионите. Добивме одлука за финансиски надомест и успеавме да издејствуваме тој да изнесува 15 милиони евра, а не 60 милиони евра, како што првично предлагаа. Преговорите беа жестоки и тешки, но тие на крајот имаа разбирање за нашата ситуација. И самите сфатија дека со неучеството на Барселона натпреварувањето нема да биде толку квалитетно“, откри Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

