„Лапорта, Перез и Ањели лажат повеќе од Путин“

Супер-лигата повторно е актуелна тема во европскиот фудбал откако првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели, најави дека клубовите ги интензивираат преговорите за формирање на елитно клупско европско натпреварување.

Идејата за Супер-лига на Европа беше стопирана од УЕФА со откажувањето на сите англиски премиерлигаши, како и со повлекувањето на Интер, Милан и на Атлетико Мадрид.

Ањели е оптимист дека идејата на крајот сепак ќе се реализира, но првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, јасно стави до знаење дека нема верба во зборовите нa првиот човек на Јувентус.

„Не гледам сериозно на тие зборови, бидејќи во изминатиот период се покажа дека Суперлигата е пропаднат проект. Сега можат да кажуваат што сакаат, но Лапорта, Перез и Ањели лажат повеќе од Путин“, истакна Тебас.

Се вчитува...