Жоан Лапорта победи на претседателските избори и веќе почна да презема акции, а според последните информации, Барселона се движи по Алесандро Бастони.
Сепак, ова воопшто нема да биде лесна операција, бидејќи Бастони е еден од најдобрите стопери денес, но Италијанецот наводно изразил желба да го носи дресот на каталонскиот клуб, што е добра почетна точка за Барселона.
Сумата со која Интер би бил задоволен би била околу 70 милиони евра, а Барселона е пред решавање на финансиските проблеми, па може да си дозволи едно вакво засилување во одбраната.
Се очекува одредени играчи да си заминат од таборот на „Каталонците“, се верува дека тоа ќе биде Роналд Араухо, кој не успеа да се наметне и да ги оправда очекувањата оваа сезона. Исто така, јасно е дека ако дојде Бастони, тогаш еден од сегашните стопери мора да си оди.
Бастони испиша историја со Интер, тој верува дека моментот е вистински за чекор напред во неговата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

