Лапорта почна да слави – уште четири години прв човек на Барса

Жоан Лапорта ќе добие уште еден мандат како претседател на Барселона откако успеа да излезе како победник во денешното гласање во кое за ривал го имаше Виктор Фонт.

Противкандидатот Фонт најавуваше жестока борба, за сојузник го имаше екс-тренерот Чави и уште неколку клупски легенди, но резултатите беа поразувачки за него.

Иако се уште не се избројани сите гласови, по примерок од над 70% од вкупните гласови Лапорта води преубедливо, со над 65% наспроти 33% на Фонт и 2% неважечки ливчиња.

Официјалните податоци се очекуваат доцна во ноќта, но нема дилема – Жоан Лапорта и во следните четири години ќе ја води Барселона.

Се вчитува...