Барселона се закити со нов трофеј во Суперкупот на Шпанија славејќи со 3-2 во финалниот натпревар над вечниот ривал Реал Мадрид.
Натпреварот го отслика и контроверзен потег на фудбалерите на Реал Мадрид кои контра традицијата одбија да застанат во шпалер за противникот, потег кој го осуди и претседателот на Барселона.
„Се изненадив што не застанаа во шпалир. Мораш да бидеш дарежлив и да имаш почит и во победи и во порази. Ние имавме големо почитување и во победата“, изјави Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

