Барселона во вториот дел од сезоната би можела да остане без Дани Олмо со оглед на тоа што финансиите ги ограничија каталонците да го регистрираат летното засилување само за првиот дел од сезоната.
Барселона ги искористи повредите на Роналд Араухо и Андреас Кристенсен за го регистрира Шпанецот во јули користејќи 80 отсто од платите наменети за нив, а сега одново се надева дека повреда ќе биде доволна за 26-годишниот да биде дел од натпреварите во Ла Лига.
„Поставивме некои барања, но без да бидеме саркастични, бидејќи сакаме да ги покриеме сите можности. Се повикуваме на фактот дека маржата за плата што ни ја остава Тер Штеген ќе биде искористена за Дани и Пау“, откри претседателот Лапорта.
Како потсетување на крајот на месец септември Тер Штеген заработи тешка повреда и за него сезоната е завршена.
Доколку разликата во платата на Тер Штеген не е доволна за регистрација на Олмо, Лапорта наведува дека постои и можност за потпишување на нов профитабилен договор со Најк кој би овозможил книгите на Барселона да бидат во согласност со финансискиот фер-плеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА