Претседателот на Барселона, Жоан Лапорт имаше интересна изјава за шпанските медиуми во врска со односот со Лионел Меси.
Лионел Меси одбележа една ера на Барселона и според многумина тој е најголемиот играч на тој клуб. Сепак, тоа не е така и за Лапорта, кој смета дека Бог на Каталонија е Јохан Кројф.
„Јохан Кројф е Бог на Барселона. Имавме многу добар однос со Меси. Но, кога не му го продолживме договорот, сè се распадна. Сега тој однос се подобри до одреден степен. Се надеваме дека ќе можеме да организираме големо збогување за него, како што заслужува“, рече Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

