Лапорта со скандалозна изјава: Реал Мадрид игра валкано против нас, тие се миленичиња на судиите

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, смета дека најголемиот ривал на каталонскиот клуб Реал Мадрид играл многу валкано додека против нив се водел судскиот процес под обвинение дека плаќале судии.

Случајот со Негреиро за купување судии од Барселона крена голема прашина во Шпанија. Каталонскиот гигант се соочи со многу сериозни обвиненија, челниците на клубот се најдоа на удар, но судот одлучи дека претседателот Жоан Лапорта и неговиот тим немаат никаква врска со случајот.

Лапорта тврди дека токму Реал имал вмешано прсти во целиот случај.

„Реал Мадрид играше валкано против нас, и со извештаи против судиите на нивната телевизија. Така го променија она што навистина се случуваше во нивна полза. Реал Мадрид е тој што го фаворизираат судиите. Никој не може да докаже дека ги купивме судиите затоа што не го ни направивме тоа. Оваа кампања имаше за цел да го уништи нашиот углед. Тие не осудија уште пред да започне судењето. За среќа, партнерите на клубот не „паднаа“ на оваа измама“, рече Лапорта.

Потоа коментираше за доведувањето на Мбапе.

„Нашата цел е да ја освоиме Лигата на шампионите. Не  би зборувал многу за Мбапе. Повеќе верувам во нашата филозофија на создавање на таленти во Ла Масија“, рече Лапорта.

Се вчитува...