Лапорта: Тешко дека Меси ќе се врати како фудбалер во Барса

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изјави дека шпекулациите за можното враќање на Лионел Меси како играч во клубот се „нереални“.

Запрашан за ненадејната посета на Меси на реновираниот стадион „Камп ноу“, Лапорта изјави дека сака да организира натпревар за легендарниот аргентински фудбалер, но дека навивачите на Барселона не треба да се надеваат на враќање на нивниот идол.

„Работите не завршија онака како што ние би сакале. Ако на некој начин оваа почит можеше да го надомести она што не беше направено, верувам дека ќе беше добро. Но, со огромната почит што ја имам за Меси, за сите професионалци во клубот и неговите членови, верувам дека шпекулациите се нереални“, рече Лапорта.

Се вчитува...