Жоан Лапорта е подготвен целосно да ја разреши големата финансиска криза во Барселона, откако првиот човек на каталонскиот гигант влезе во завршна фаза од преговорите со „Најки“ за американската компанија и во следните 14 години да биде главен спонзор за спортска опрема на Барса.
Актуелниот договор трае до крајот на оваа сезона, а Лапорта во последната година преговараше и со „Њу Баланс“, со што изврши дополнителен притисок врз раководството на „Најки“. Тие мораа значително да ја кренат понудата, па според последните информации сега двете страни се на чекор до потпис на „договор на векот“, како што е најавуван во шпанската фудбалска јавност.
Во следните четири години Барса че добива по 105 милиони евра од „Најки“, сума што од 2028 година ќе скокне на 120 милиони евра, двојно зголемување во однос на актуелните 60 милиони што каталонците ги добиваат од овој спонзор.
Згора на тоа, „Најки“ ќе плати речиси 100 милиони евра за самиот потпис на новиот договор, пари што веднаш ќе бидат искористени за да се покрие „минусот“ во буџетот на плати, за да можат да бидат регистрирани сите фудбалери кои пристигнаа летово.
Секоја чест на Лапорта за сите бизнис маневри во последните години, ако се знае со колкави долгови го презеде клубот, не можеше да го регистрира новиот договор на Меси, за да на крајот сепак успее да најде начин да ја извлече Барселона од огромната финансиска криза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА