Лапорта: Цел тим составен од деца на Барса би било остварување на сонот

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта денеска на прес-конференција за време на продолжување на договорот со Ансу Фати, кажа дека неговиот сон е целиот тим на Барса да биде составен од играчи кои потекнуваат од школата.

„Ако некогаш имаме стартни 11 од нашата школа Ла Масија, тоа би било остварување на сонот. Но, неопходно е да се ангажираат играчи на нивото на тимот. Би било прекрасно кога би биле од нашата школа“, рече Лапорта.

Се вчитува...