Лапорта: Цел живот судиите му помагаат на Реал Мадрид, видете го само последниот меч во Ла Лига!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, упати остра критика кон Реал Мадрид и неговиот лидер Флорентино Перез, кој пред неколку дена остро се изјасни против „Каталонците“.

Лапорта врати на обвинувањата од својот ривал, и кажа дека судиите цело време му помагаат на Реал Мадрид, а како пример го посочи последниот натпревар со Елче во Ла Лига.

„Сега размислувам за изјавите дадени на Генералното собрание на Реал Мадрид, за кои немав можност да коментирам, но сега ќе коментирам“, почна Лапорта и додаде:

„Мислам дека покажуваат колку се опседнати со Барселона. Се чини дека мора да зборуваат за Барса за да оправдаат, не знам што. Тие се постојано присутни на судењето за „случајот Негреира“, кое го шират како мастика за џвакање затоа што знаат дека нема ништо. Ова е начин да се оправда нешто што не е вистина: Барса никогаш не купила судија и генерално судиите не нѝ помагаат. Тие му помагаат на Реал Мадрид целиот свој живот. Без да одам понатаму, во последното коло од Ла Лига постигнаа два гола кои не требаше да бидат признати. Јасно се гледаше дека Џуд Белингам играше со рака во едниот, а во другиот Винисиус Жуниор му го скрши носот на Ињаки Пења. Тие два гола не требаше да се признаат, и сега Барса ќе беше водечка во Ла Лига “, рече Лапорта.

Се вчитува...