Лапорта за Мбапе: Не сум љубоморен, тој ќе ја наруши атмосферата во соблекувалната на Реал

Претседателот на Барселона, Хуан Лапорта го коментираше трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

Веќе е сосема извесно дека Мбапе од јуни се сели во Реал Мадрид за плата во висини на најплатените актуелни фудбалери, но ќе има и дополнителен бонус од 100 милиони евра, како и процент од маркетинг правата на клубот.

Сепак, Лапорта смета дека Мбапе, ако се суди според неговиот карактер, не е вистински фудбалер за Реал…

„Не сум љубоморен на Реал за тој трансфер. Напротив…, мислам дека ќе имаат проблем. Ги видов бројките за Килијан Мбапе и Реал Мадрид, и не сум сигурен околу сето тоа. Мислам дека тоа ќе ја сруши атмосферата во соблекувалната. Сигурно. Тој воопшто не е евтин, а тоа е веќе проблем во соблекувалната. Не знам што ќе прават, исто така со останатите ѕвезди во тимот. Дали ќе продадат фудбалер? Затоа што сигурно две ѕвезди на иста позиција нема да играат“ – вели Лапорта.

Се вчитува...