Лапорта за Нико Вилијамс: Го правам она што ќе ми кажат директорот и тренерот

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, одговори на неколку прашања поврзани со селекцијата на Каталонците пред учеството на голф турнирот „Куман Куп“, каде што ги затоплуваше односите со актуелниот селектор на Холандија .

Секако, шефот на Каталонците веднаш беше прашан за ситуацијата со Нико Вилијамс , како и за фактот дека челниците на баскискиот клуб, каде што игра шпанскиот репрезентативец, се сретнале со претставници на Ла Лига и ја изразиле својата загриженост за непочитувањето на финансискиот фер- плеј од страна на Барселона.

„Секој прави што мора да прави, ние правиме што Барса мора да прави кога станува збор за пазарот и очигледно го следиме она што ни го кажуваат нашиот фудбалски директор и нашиот тренер. Во таа смисла, немам што повеќе да кажам, а што се однесува до Атлетик, нека прават што мораат, го почитувам она што го прават, исто како што се надевам дека ќе го почитуваат она што го правиме ние. “, изјави Лапорта.

Се вчитува...