Барселона во едно од најспектакуларните „Ел Класика“ го освои трофејот од Купот на кралот во Шпанија, триумфирајќи во продолженијата против Реал Мадрид со 3-2.
Веднаш по освоениот трофеј свој коментар имаше и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта. Добро е познат дека на мечот му претходеа силни протести од Реал кон судиите во Шпанија, па таа енергија се чини дека се пренесе и на теренот.
Но, според Лапорта, сето тоа не ги засегало каталонските фудбалери кои биле концентрирани единствено на фудбал.
„Фудбалерите беа сигурни дека ќе го победат Реал Мадрид уште од претходно. Беа неверојатно самоуверени, па знам дека нашиот тренер мораше да ги смирува, стравувајќи да не ‘изгорат’ во желбата и во младоста полна енергија“ – рече Лапорта, притоа осврнувајќи се на поплаките на Реал пред мечот.
„Протестите на Реал? Тоа не не засега. Ние бевме подобри во ова финале, затоа што бевме фокусирани на тоа што ќе се случува на теренот, на страста, ентузијазам, забава… Ние бевме фокусирани само врвен фудбал, а тие на нешто друго. Друго ништо не не интересираше. Фудбалерите знаеја што сакаат, и на крајот заслужено победија“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА