Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е принуден да го активира „четвртиот пакет“ за финансисрање, со кој ќе си овозможи решавање на проблемите поврзани со регистрација на новите засилувања и потпис на уште најмалку две нови имиња.
Чекорот за кој што се одлучи претседателот на клубот е продажба на 24,5% од акциите на клубот во „Barca Studios“. Купувач ќе биде „Socios.com“, а во касата на тимот од Каталонија ќе се обезбедат нови 100 милиони евра.
Ниту оваа сума нема да биде доволна првично да се рашат финансиските проблеми на Каталонците. Тоа значи дека продажба на неколку играчи е приоритет за Барса ова лето, па за да се регистрираат сите летни засилувања неопходно ќе биде нов договор да потпише Жерар Пике, за значително помала плата од сегашната.
Пике начелно се согласил на вакво нешто, но останува да се види дали се ќе биде средено до крајот на денот, за Барселона да може да ги регистрира сите засилувања за стартот на сезоната, или пак дел од нив ќе мора поради бирократски причини да го пропуштат утрешниот премиерен дуел со Рајо Валјекано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

