Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами по пазуа од две години триумфираше во Светскиот куп, откако беше најдобра на денешниот спуст кој се возеше во италијанската Кран Монтана.
Швајцарката до победата стигна 1:27.11 минута, што беше за 80 стоти делови од секундата подобро од второпласираната сонародничка Корин Зутер. Третото место и припадна на Австријката Стефани Вение која заостануваше 92 стотинки зад времето на победничката. Последната победа Лара Гут во светскиот куп ја забележа во јануари 2018 година.
Во генералниот пласман се уште е прва Американката Микаела Шифрин со 1225 бода која поради смртта на нејзиниот татко не учествуваше ниту на оваа трка. Второ пласирана е Федерика Брињоне од Италија (1148), а трета е Петра Влхова од Чешка (1121).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА