Лариса Кисељева: Сите го паметат Кометал ЃП, дури и таксистот ме препозна

Одбележувањето на јубилејните 15-години од шампионската титула на Кометал ЃП, ја донесе повторно Лариса Кисељева во Скопје. Трифун Костовски одново го собра шампионскиот тим, дел од ракометарките што се во Скопје, но и дел што допатуваа специјално за да го одбележат денот кога ја покорија ракометна Европа. Од Романија дојде Луминица Дину, а од Русија допатуваа Ања Андрушенко и Лариса Кисељева заедно со ќерката Суна која е родена во Скопје.

„Прв пат сум во Скопје после девет години. Чувството е исто, како да не поминало толку време. Градот е малку сменет, но Индира се ми покажува. Кога дојдов на аеродром, ми дојде да заплачам кога се видовме повторно. Но, на крај сите се смеевме, имаме убави заеднички спомени, а ова е навистина убав момент за нас што се собравме да се видиме после толку години. Иако ние постојано сме во контакт“ – раскажува Лариса додека со Индира Кастратовиќ го пијат попладневното кафе на улица „Македонија“.

larisa 2

Македонија остави посебен белег во нејзината кариера. Со Кометал ЃП и со македонската репрезентација ги постигна најголемите успеси, и како што вели доживеа незаборавни моменти. Се уште под импресии на повторната средба со старите пријатели и со градот со кој ја врзуваат прекрасни спомени, Лариса со насмевка вели дека после толку време, не очекувала некој да ја препознае. Но, брзо се увери во спротивното.

„Поминаа толку години… не очекував дека некој ќе ме препознае. Но, и таксистот само што влегов во колата ме препозна. Навистина се изненадив. Сите го паметат Кометал ЃП, не препознаваат, не поздравуваат. Навистина убаво Шампионската титула со Кометал ЃП беше посебен момент во мојот живот. Такво нешто се случува само еднаш во животот“ – со задоволство забележува некогашното крило на Кометал ЃП и на македонската репрезентација.

FFM126 - 20020420 - SKOPJE, MACEDONIA: Larvik's player Duvholt (C) tries to shoots between Larisa Ferzalieva (R) and Angela Platon (L) from Kometal Gorce Petrov on Suterday 20 April 2002 during their semi-final handball match in European Champions league. Kometal Gorce Petrov won with 28-21 to go to the finals. EPA PHOTO EPA GEORGI LICOVSKI

Лариса во Скопје дојде со ќерката Суна која е родена овде и после многу години прв пат е во посета на својот роден град.

Суна е Македонка“, се смее Лариса.-„Родена е во Скопје, но заминавме од овде кога имаше три години. И сега прв пат вистински го запознава градот во кој е родена. Многу и се допаѓа. Кај нас во Ростов сите се постојано во брзање, овде е многу помирно сите се тука на едно место“ – раскажува Лариса Кисељева и ни открива дека не спортот, туку странските јазици се определбата на нејзината наследничка.

„Суна не го избра спортот и ракометот. Има природна надареност за јазици. Учи англиски и германски, разбира македонски и сака да го научи јазикот“ –  додава Кисељева.

larisa 1

Легендарното крило на Кометал ЃП и на македонската репрезентација, по завршувањето на кариерата остана во спортот во еден друг сегмент. Таа сега работи како професор на Универзитетот во Ростов.

Останав во спортот. Професор сум на Факултетот за спорт во Ростов. Тоа е малку поинаква работа, работам со идни тренери и професори, не сум во клуб, но останав во спортот преку мојата работа на факултетот“.

Иако во Скопје доаѓа прв пат по девет години, Лариса ги следи сите ракометни случувања во Македонија, посебно натпреварите на Вардар.

„Следам се што се случува со ракометот во Македонија, се слушаме со Индира, со Гоца…ги следам настапите на Вардар, навивам, следам на интернет, на телевизија. Македонија ми е во вистинска смисла, втора татковина, живеев, играв овде, овде е родена мојата ќерка, овде имам многу пријатели. Многу работи ме поврзуваат“ – вели поранешната македонска репрезентативка.

Се вчитува...