Кошаркарите на Ефес го совладаа Панатинаикос по голем кам-бек со 76-79 израмнувајќи во серијата од плејофот на 1-1 во Евролигата.
Откако Грците го добија првиот меч со 87-83, следува реванш на Турците предводени од Шејн Ларкин. Американецот ја презеде одговорноста и погоди тројка во клучен момент – на 30 секунди до крајот, за три поени предност, 74-77.
И кога Кендрик Нун возврати и ја врати надежта на домашниот тим, Ларкин остана ладен – ги погоди двата пенали и стави точка на натпреварот.
Kostas Sloukas
#EveryGameMatters pic.twitter.com/Txii3r0Po5
— Turkish Airlines EuroLeague Türkiye (@EuroLeagueTUR) April 24, 2025
За потсетување, третиот меч ќе се игра на 30 април во Истанбул, евентуалниот четврти би се играл на истото место на 2 мај, а потенцијалниот мајсторски меч на 6 мај, во Атина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА